Девојката која тврдеше дека пуши марихуана јавно на улиците на Скопје е приведена доцна попладнево.
Додека ја приведувале девојката, новинарката Кристина Мачкиќ од Dosie.mk фотографирала со телефонот, но полицијата и го одзела и барала се да избрише. Новинарката Мачкиќ кажа дека објаснувањето на полицијата било дека немала камера и не знаеле со сигурност дека е новинар, јавува порталот А1он.