Живот 01. октомври 2018. / 12:08

Пристигнува студен бран – ќе падне и првиот снег

Пристигнува студен бран – ќе падне и првиот снег

Студен бран ќе пристигне на Балканот во наредните три денови, предвидуваат метеролозите и велат дека може да падне и првиот снег за оваа сезона.

Студениот фронт кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, каде на врвовите се очекува снег.

Снег се очекува да падне и во Словенија, но само над 2000 метри надморска височина.

Наглото заладување ќе се почувствува и во Британија, Франција, а утре се очекува на југот од Франција да има голем студ.

Други ладни бранови доаѓаат по среда и ќе ги зафати деловите на Источна Европа и Балканот.