Живот

Принцот Хари и Меган Маркл во различни хотели ноќта пред свадбата

Принцот Хари и Меган Маркл во различни хотели ноќта пред свадбата

Принцот Хари и неговата вереница Меган Маркл ќе бидат сместени во различни хотели ноќта пред нивната свадба, соопшти прес-службата на кралското семејство.

На принцот Хари, во хотелот друштво ќе му прави неговиот постар брат, принцот Вилијам, кој воедно му е кум на венчавката.

Додека Меган Маркл, во друг хотел, ќе биде сместена заедно со нејзината мајка Дорија Регланд.

Свадбената церемонија е закажана за 19 мај и ќе се одржи во дворецот Виндзор.