Фронтменот на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски доживеал полесен мозочен удар.
Како што се наведува во соопштението на официјалните страни на групата на Фејсбук и Инстаграм, пејачот се чувствувал подобро.
Бендот, меѓутоа, ги откажал сите концерти на неодредено.
Аки имаше полесен мозочен удар и иако сега се чувствува подобро, потребно е некое време да намали со обврските и да се посвети на заздравувањето. Сериозно ја сфаќаме нашата работа и не би сакале да ве разочараме, вас кои се радувавте на претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место, се наведува во пораката.
Весникот 24 сата наведува дека Рахимовски по излегувањето од болница им рекол дека е добро.
-Не грижете се, добро сум. Не ништо страшно, рекол пејачот.
Неговиот колега од бендон Хус потврдил дека Рахимовски не е во животозагрозувачка состојба.