Живот 26. август 2018. / 18:17

Познат англиски фудбалер уапсен – сексуално вознемирувал жена

Познат англиски фудбалер уапсен – сексуално вознемирувал жена

Легендата на англискиот фудбал Пол Гаскојн е уапсен поради сомневање дека сексуално вознемирувал жена во воз.

Жената пријавила дека 51-годишниот фудбалер непристојно ја допирал во возот кој сообраќал од Јорк.

Подоцна полицијата, на железничката станица Дарам, го привела.

Иако Гаскојн е брзо пуштен на слобода, ќе се истражуваат сите детали од инцидентот, пренесе Скај Њуз.

Поранешниот фудбалер веќе подолго време има проблем со алкохолот, па веќе неколку пати се нашол во критична состојба како последица на пијанство.

Пол Гаскојн, инаку и претходно е апсен поради напад на својата поранешна сопруга.