Граѓаните на Македонска Каменица се организираат за помош на Санде Цековски од село Косевица, кој е во незавидна здравствена состојба. Како што информираат организаторите на хуманитарната акција која е во тек, за помош на Цековски му се потребни 35 илјади евра, кој поради незавидната финансиска состојба, не е во можност да ги обезбеди.
Санде Цековски веќе неколку години се бори за своето здравје. Како рударски работник во рудникот Саса во Македонска Каменица, пред неколку години му е дијагностициран тумор, при што во 2018 година ми е извршена операција, т.н нефректомија. Од тогаш неговата ситуација константно се влошува, по што бил подложен на уште една операција, истакнаа организаторите на акцијата.
Во моментов како што додаваат Санде Цековски се наоѓа во болницата Аџибадем Систина во Скопје и се чувствува добро после извршениот хируршки зафат.
Досега се собрани две третини од потребните средства за лекување. Поради незавидната здравствена состојба и итноста од втора хируршка интервенција, во негово име бараме поддршка од сите хумани граѓани за обезбедување на преостанатите средства за негово успешно лекување, додаваат организаторите.
Хуманите граѓани за помош на Санде Цековски од село Косевица, може да донираат на телефонските броеви на операторот Телеком 143-145-и операторот А1 на телефонскиот број 143-485