Живот 06. јуни 2018. / 19:44

Пороен дожд со грмежи во централните делови на земјава

Пороен дожд со грмежи во централните делови на земјава

Околу пладне како и во попладневните часови под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, најпрво беа зафатени североисточните делови како и на повеќе места во планинските предели каде имаше краткотраен пороен дожд со грмежи. Облачната маса се движи од север кон југ и југоисток и на повеќе места условува проен дожд и грмежи.

Во Скопската котлина имаше зголемена облачност со грмежи. Попладнево пороен дожд со грмежи имаше и во северозападните , централните како и во југоисточните делови и во Прилепскиот регион имаше пообилен пороен дожд со грмежи. Во моментов локален пороен дожд со грмежи има во централните делови.

Најмногу дожд наврна во Тополчани, Берово и Лазарополе. Најтопло беше во Гевгелија – 33 степени, а најстудено во Лазарополе – 20 степени.

До крајот на денот ќе биде променливо облачно, со локален пороен дожд и грмежи. Во вечерните и ноќните часови ќе настапи стабилизирање на времето.Ќе дува слаб ветер од северен правец.