Живот 27. август 2018. / 13:06

Поплави во кавадаречко по поројниот дожд

Поплави во кавадаречко по поројниот дожд

Неколку станбени објекти и земјоделска површина се поплавија во кавадаречко, по поројниот дожд што го зафати градот, информира Центарот за управување со кризи.

„Подрачјето на општина Кавадарци во текот на ноќта и денес е зафатено со интензивни врнежи од дожд. Од интензивните врнежи од дожд настанато е поплавување на шест станбени и други објекти и површини со земјоделски култури во село Возарци во општина Кавадарци. На местото на поплавувањето од раните утрински часови се екипа од ТППЕ Кавадарци со возило и пумпа за испумпување на водата од поплавените објекти“, информира ЦУК.

Од таму велат дека ЈП „Комуналец Кавадарци“ има доставено вреќи и песок за правење на одбранбен насип за заштита од поплави. На терен се ангажирани и стручни лица од ЈП „Водостопаснство на РМ“ кои вршат увид на сигурноста на каналската мрежа за наводнување во тоа подрачје.