Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има и в недела, кога локално повторно ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.