Живот 27. ноември 2018. / 09:13

Попладне поројни врнежи од дожд и грмежи

Попладне поројни врнежи од дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од седум до 15 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во среда врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.

Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување.