Живот 03. мај 2018. / 17:50

Понесете чадор: Не очекува дожд

Понесете чадор: Не очекува дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен до засилен југоисточен ветер и со услови во попладневните часови за краткотраен локален дожд и можни ретки грмежи.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поизразена нестабилност се очекува во сабота.