Живот 21. јуни 2018. / 11:43

Погледнете зошто Меган Маркл носи гардероба само во пастелни тонови

Погледнете зошто Меган Маркл носи гардероба само во пастелни тонови

Американската актерка Меган Маркл, по венчавката војвотка од Сасекс, комплетно го смени гардероберот. Во јавноста препознатлива по црната, тегет и зелената гардероба, откако влезе во кралското семејство, исклучиво избира елегантни и еноставни фустани во пастелни бои-бела, пудереста или во крем нијанса.

Маркл, новата миленичка на кралицата Елизабета Втора бира тоалети во неутрални бои поради респект кон кралицата која секогаш е облечена во живи бои. Тоа е еден повисок степен на софистициран изглед кој Меган почнува да го учи и да го применува во јавноста. Со тоа добива позитивни коментари и од модните експерти и од кралското семејство, објаснува стилистот Лукас Армитаж за „Дејли Мејл“.

Маркл за разлика од Кејт Мидлтон која носи исклучиво англиски, бира тоалети со француски потпис, а засега и е најомилен брендот „Живанши“.