Живот 19. јули 2018. / 19:25

Погледнете какво време не очекува од утре

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер.

Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.