Живот 21. август 2018. / 20:25

Погледнете какво ќе биде времето утре

Погледнете какво ќе биде времето утре

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8 Т-мин. од 10 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 37 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурите од 16 до 34 степени.