Живот

Погледнете ја прекрасната внука на принцезата Дијана (ФОТО)

Погледнете ја прекрасната внука на принцезата Дијана (ФОТО)

Кити Спенсер минатиот месец неофицијално беше прогласена за најубаво облечена гостинка на кралската свадба на Меган Маркл и принцот Хари. 27-годишната припадничка на британското кралско семејство оттогаш направи големи чекори во модната индустрија.

Имено, таа се појави во едиторијал на „Вог“ Бразил. Кити позираше во цветен фустан од Долче и Габана на њујоршките улици.

 

 

Исто така, беа објавени првите фотографии од нејзината соработка со Bulgari. Непосредно по кралската свадба, беше објавено дека Кити е новиот бренд амбасадор на брендот за луксузен накит.

 

Пред три дена, Кити беше фотографирана додека се упатуваше на забава на Долче и Габана во Лондон.