Живот 14. декември 2018. / 22:58

Погледнете ги официјалните празнични фотографии на Кралското семејство (ФОТО)

Погледнете ги официјалните празнични фотографии на Кралското семејство (ФОТО)

Британското кралско семејство денеска ги претстави празничните портрети , кои ќе се најдат на нивните честитки за Божик и Нова Година.

Најмногу внимание предизвика портретот на Кејт и Вилијам со децата , а главна ѕвезда на фотографијата е принцот Луис. Осум месечниот принц сериозно позира во прегратката на мајка си , а таблоидите веднаш забележаа дека многу личи на Кејт.

Принцот Џорџ за прв пат позира во долги панталони , а според протоколот момчињата до осум години на официјалните фотографии носат панталони до колена.

Меган И Хари својата фотографија ќе ја разубават со сцени од венчавката.

Фотографиите се објавени токму среде скандалот за наводната кавга и недоразбирања меѓу Кејт и Меган , поради што се заладени одностите меѓу принцовите Хари и Вилијам.