Попладне и кон крајот на денот, претежно во западните планински делови ќе има нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен и југоисточен правец.
Локална нестабилност ќе има и в сабота околу пладне, претежно во западните и североисточните делови.
Ново дестабилизирање на времето се очекува во вторник кон среда.