Живот 18. ноември 2018. / 11:43

Под влијание на циклонот Оливија времето значително се променува

Под влијание на циклонот Оливија времето значително се променува

Под влијание на Медитеранскиот циклон Оливија до крајот на денов ќе имаме облачно време со врнежи од дожд во најголемиот дел од државава додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде очекуваме значително зголемување на снежната покривка (за 20 до 30 цм, можно е и повеќе).

Снежната граница може да се спушти и нешто под 1000 метри па така врнежи од дожд и снег можни се и во некои од пониските места во државава. Количеството на врнежи локално ќе изнесува и над 30 л/м2 и тоа особено во јужните предели на државава.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени. Нов бран на врнежи, овој пат претежно од дожд очекуваме од вторник.