Живот 22. април 2018. / 10:04

Почина најстарата личност на светот, родена во 19 век

Почина најстарата личност на светот, родена во 19 век

Почина најстарата личност на светот, 117 годишната Јапонка Наби Таџима.

Наби Таџима почина во болница во сабота навечер во градот Кикаи во Јапонија, соопштија градските функционери.

Таа уште од јануари беше во болница.

Таџима е родена на 4 август 1900 година и е последна личност за која се знае дека е родена во 19 век.

Таа израсна седум синови и две ќерка и има повеќе од 160 потомци.

Градот Кикаи е мал остров со околу 7.000 жители.

Таџима официјално стана најстарата личност на светот пред седум месеци, после смртта на Вајолет Браун од Јамајка, која, исто така, почина на 117 години.