Живот

Пекол во супермаркет во Кина: Раката на девојчето се заглавила во подвижните скали (ВИДЕО)

Пекол во супермаркет во Кина: Раката на девојчето се заглавила во подвижните скали (ВИДЕО)

Двегодишно девојче пред неколку денови играло на подвижните скали во супермаркет во градот Јонгжоу во Кина, кога раката и се заглавила во нив.

Подвижните скали се расипале во моментот додека девојчето на нив играло и и ја повлекле раката.

Очајната мајка не успеала да ја ослободи раката на девојчето.

Детето гласно плачело поради огромната болка.

Пожарникари биле повикани на помош, а за да ја ослободат раката на девојчето морале да тргнат делови од скалите.

Со тешки повреди на десната рака детето било пренесено во болница.

Раката и била многу оштетена, а кога стигнала во болница за телото и била соединета само со кожа и меко ткиво.

Девојчето се опоравува на интензивна нега.