Двегодишно девојче пред неколку денови играло на подвижните скали во супермаркет во градот Јонгжоу во Кина, кога раката и се заглавила во нив.
Подвижните скали се расипале во моментот додека девојчето на нив играло и и ја повлекле раката.
Очајната мајка не успеала да ја ослободи раката на девојчето.
Детето гласно плачело поради огромната болка.
Пожарникари биле повикани на помош, а за да ја ослободат раката на девојчето морале да тргнат делови од скалите.
Со тешки повреди на десната рака детето било пренесено во болница.
Раката и била многу оштетена, а кога стигнала во болница за телото и била соединета само со кожа и меко ткиво.
Девојчето се опоравува на интензивна нега.