Живот 20. август 2018. / 10:23

Параглајдеристот кој загина во Крушево бил „вистински херој“

Параглајдеристот кој загина во Крушево бил „вистински херој“

Британската ТВ мрежа , ББС пишува за трагедијата во Крушево каде на Мечкин камен загинаа двајца параглајдеристи откако се судриле во воздух по полетување, при што паднале на земјата.

Едниот почина веднаш, другиот и покрај напорите на лекарите, во болница.

Параглајдеристот – херој загина во судар во воздух во Македонија , пишува BBC. Педесетиетири-годишниот Инес Пауел, пред својот финален настап во Британското отворено првенство во Крушево се судрил во воздух со 56 годишниот Украинец, Игор Волов. Бил познат на јавноста, а бил дел од многу натпревари.

Пауел станал херој кога, рескирајќи го сопствениот живот, спасил друг параглајдерист, кој се урнал врз карпа. Спасувачката акција на Пауел била снимена во 2008 во серијалот Discovery Channel на, под наслов ,,Вистински херои”.