Живот 04. јуни 2018. / 11:01

Пар од Англија го чека своето 21 дете (ВИДЕО)

Пар од Англија го чека своето 21 дете (ВИДЕО)

Семејството Радфорд од Велика Британија наскоро ќе стане побогата за уште член. Ова и не е некаква вест, да не стануваше збор за 21. дете во семејството кое го очекуваат Сју (43) и нејзиниот сопруг Ноел (47).

Кога минатата година го добиле синот Арчи, кој бил 20. дете во ова најбројно британско семејство, Сју и Ноел си ветиле дека ќе застанат на тој број. Интересно е тоа што името на Арчи му го дале неговите браќа и сестри затоа што родителите повеќе немале идеја за име.

Сју и Ноел го добиле првото дете пред 28 години кога Сју имала само 14 години. Ова семејство од градот Моркамб дневно вклучува по девет машини за алишта, а месечно троши по 30 шишиња течен детергент. Живеат во голема куќа од 240.000 фунти, некогашен дом за стари лица, која ја купиле пред 11 години. Сју и Ноел веќе имаат три внуци од нивната ќерка Софи која има 24 години.