Живот 16. ноември 2018. / 22:55

Падна првиот снег на Стража

Падна првиот снег на Стража

Метеоролозите за деновите од викендот кој е пред нас прогнозираа дожд на пониските и снег на повисоките места, а вечерва веќе падна првиот снег на планинскиот превој Стража.

За утре од УХМР највуваат дека врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекуваат во вторник.