Топлотниот бран кој во моментов ја зафати Европа претставува „недвосмислен знак“, на климатските промени кои стануваат сѐ понеизвесни, се наведува во објавената прелиминарна студија на научници на светските мрежи за временски прилики (World Weather Attribution – WWW).
Научниците предупредиле дека глобално гледано едно климатско пореметување на може да се препише само на екстремните временски прилики, бидејќи посојат и други фактори како што е човечкиот фактор.
Топлиот бран што ја погоди Западна и Централна Европа ќе продолжи и во текот на овој викенд, со исклучок на Франција и земјите на Бенелукс каде што се очекува освежување, наведено е на веб-страницата Severe Weather Europe.
Во Западна Европа вчера попладне беа забележани температури од 35 до 38 степени.
Високи температури се очекуваат утре, во Западна и Централна Европа.