Живот,Занимливости 09. ноември 2020. / 10:46

Откриени седум групи на симптоми на коронавирусот

Откриени седум групи на симптоми на коронавирусот

Присуството на коронавирусот SARS-CoV-2 што ја предизвикува болеста COVID-19, може да има различни симптоми.
Научниците сега утврдија важни биомаркери и идентификуваа седум групи на симптоми. Ова треба да помогне во лекувањето, како и во развојот на ефективна вакцина.

Пред една година, вакви болести не нѐ интересираа, а лесните настинки ги поминувавме без посета на лекар и „на нога“. Но, есенва сѐ поразлично. Доволно е да кивнеме или да се накашламе и веднаш помислуваме: Каде бев во последните неколку дена? Колку бев близу до луѓе? Што допрев? Дали чувствувам мирис и вкус? Како да губам здив по малку…

Врз основа на овие податоци, научниците успеале да покажат дека различни симптоми се поврзани и дека се јавуваат во таканаречените „групи на симптоми“. Тие ги идентификуваа следниве седум групи:

1. Симптоми слични на грип (висока температура, треска, умор и кашлица)

2. Симптоми на настинка (растечен нос, кивање, суво грло и затнат нос)

3. Болки во зглобовите и мускулите

4. Воспаление на очите и слузокожата

5. Проблеми со белите дробови (пневмонија и отежнато дишење)

6. Проблеми со гастроинтестиналниот тракт (вклучувајќи дијареја, гадење и главоболка)

7. Губење на чувството за мирис, вкус и други симптоми