Живот 23. мај 2018. / 13:33

Откриени се 8-те тајни: Зошто британското кралско семејство на патувањата мора да носи црна облека, залихи со крв…

Откриени се 8-те тајни: Зошто британското кралско семејство на патувањата мора да носи црна облека, залихи со крв…

Кралското семејство на Велика Британија во одредени случаи од секојдневниот живот мора да почитува строги протоколи, посебно кога некој член на семејството ќе патува во странство.

Залихи со крв – Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот син, принцот Чарлс мора секогаш кога одат на пат да носат залихи од сопствената крвна група, а секако, со нив мора во придружба да има неколку доктори.

Кратки патувања – Многу луѓе им завидуваат на членовите на британското кралско семејство поради патувањата буквално во сите делови од светот. Сепак, патувањата на состаноци со разни шефови на држави и посетата на разни културни содржини не баш лесна работа. Британските медиуми пресметале дека членовите на кралското семејство не остануваат на една локација подолго од 40 минути, што значи дека цело време се „на брзање”.

Омилени пијалоци – Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер Боулс секогаш со себе го носат својот омилен пијалок. Телохранителите задолжително носат торби со џин за Чарлс, а црвено вино за Камила.

Црна гардероба – Членовите на британското кралско семејство секогаш со себе носеле црна облека, за во случај да почине некој од нивните најблиски. Овој протокол обезбедува тие секогаш да бидат адекватно облечени по враќањето во земјата. Така во 1952-ра година кога кралицата Елизабета била во работна посета на Кенија, нејзиниот татко, кралот Џорџ починал. Таа со себе не носела црна облека, па откако слетал авионот во Лондон, се чекало прво некој да ѝ однесе црна облека, па потоа да излезе од леталото.

Никогаш сите на едно место – Наследниците на тронот никогаш не патуваат сите заедно за во случај доколку дојде до несреќа, да се сочува кралската лоза. Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон сепак неколку пати го прекршиле тоа правило затоа што патувале заедно со принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Пасош – Секој член на семејството има највисока можна титула, но секој, освен кралицата Елизабета, мора да носи пасош на патувањата.

Трошоци – Британското кралско семејство само минатата година потрошило 5,8 милиони долари за патувања. Принцот Чарлс ја освоил наградата за најскапо патување кога за време на посетата на Италија, Романија и Австрија потрошил нешто помалку од 200 илјади долари.

Двојна облека – Кралицата Елизабета Втора секогаш со себе носи двојна облека. Доколку облеката се оштети или слично, кралицата секогаш мора да го има истото парче на облека.