Живот

Околу 1000 бруцоши запишани на УКЛО во Битола

Околу 1000 бруцоши запишани на УКЛО во Битола

– Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го заврши првиот уписен рок за студенти во прва година и запишани се околу 1.000 бруцоши. Од УКЛО-Битола информираат дека во наредните два дена, утре и во петок ќе се реализира вториот уписен рок, а места за упис има во сите универзитетски единици.

– Според конкурсот, УКЛО-Битола во новата академска година може да запише вкупно 3.635 студенти, и тоа 2.005 во државна квота, 1.015 студенти во квота со кофинансирање и 615 вонредни студенти. Како што се очекуваше, по првиот уписен рок исполнета е една третина од можностите и изборот што им беше понуден на кандидатите, и според традицијата, во вториот упис очекуваме зголемен интерес за студирање на универзитетските единици, информираат од УКЛО-Битола.

Право на упис во вториот и во третиот уписен рок, покрај кандидатите со државна и меѓународна матура, имаат и кандидатите кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење. Пријавување на кандидатите ќе се врши утре и на 14. септември, објавување прелиминарна ранг-листа ќе има на 18. септември, додека запишувањето ќе се врши на 21 септември.