Фронтален систем од север ќе биде кривецот за наглата промена на времето кај нас која треба да се случи во текот на ноќта понеделник кон вторник како и во вторник особено претпладне кога ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, услови за провејување на снег ќе има и на пониските места особено во северната половина на државава а сето ова ќе услови значително опаѓање на температурите на воздухот (за околу 10тина степени).
Веќе во вторник максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во југоисточните предели од државава, веќе од среда Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.
Пак одсега гледано за време на новогодишната ноќ очекуваме претежно стабилно но студено време.