Живот 06. јуни 2018. / 17:39

Од петок разочарување – викенд временска прогноза

Од петок разочарување – викенд временска прогноза

Утре времето во Македонија ќе биде сончево и топло во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Времето во петок во текот на денот ќе биде сончево и топло со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи