Живот 02. декември 2018. / 09:32

Од АМСМ со важна вест за возачите

Од АМСМ со важна вест за возачите

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, a на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места, велат оттаму коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Од Авто-мото сојузот исто така поттестуваат дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Од АМСМ исто така посолуваат и дека патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15 ноември годинава па се до 01 април следната година затворен за сообраќај и тоа за сите видови возила.