Живот 05. јуни 2018. / 19:14

Обвинет е за сексуално малтретирање на жени: Познатиот продуцент се изјаснил за невин

Обвинет е за сексуално малтретирање на жени: Познатиот продуцент се изјаснил за невин

Холивудскиот продуцент Харви Вајнстин на сослушувањето пред судот во Њујорк се изјасни дека не е виновен, по обвинувањата за сексуално злоупотребување.

Вајнстин, кој се брани од слобода со кауција од милион долари, поминал пред новинарите пред да седне во судницата каде одговарал со ДА и НЕ за тоа дали разбира кои се неговите права.

Како што пренесува АП, тој не сакал да разговара со новинарите, па по сослушувањето веднаш заминал.

Вајнстин е обвинет за сексуално злоупотребување на две жени.