Живот 27. јуни 2018. / 09:20

Облачно време со врнежи од дожд, температурата до 22 степена

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 17 до 22 степена.

Во Скопје ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се движи од 15 до 21 степен.

До утре нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи.

В петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.