Времето во Македонија во саботата ќе биде претежно облачно со појава на магла по котлините, додека во недела се најавува умерено облачно време.
Во западните делови од земјата ќе биде облачно со услови за локален дожд. По некои котлини ќе има појава на магла.
Температурата ќе се движи од -6 до -11 Целзиусови степени.
Во понеделник времето ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините ќе има услови за појава на магла. Температурата ќе се движи од -5 до -13 степени.
Додека во вторник времето ќе биде променливо облачно со локален дожд со слаб интензитет. А температурата ќе се движи од -4 до -14 степени, а ова воедно ќе биде и најстудениот ден за овој период од годината.