Во 11:01 минута британското кралство доби нов принц.
Кејт се породи во болница во Лондон, каде утринава пристигнала со сопругот и принцот Вилијам.
Кралскиот пар доби син, а бебетое е тешко 3,5 килограми.
Ова е третото дете на Кејт и Вилијам откако се венчаа во 2011 година, соопштуваат тамошните медиуми.
Телевизиски екипи и новинари се пред болницата и очекуваат да биде објавено името на бебето.
Многумина се обложија на имињата Елвис, Артур и Џејмс.