Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи ќе биде времето денеска во Македонија.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, дневната од 19 до 25 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Утринската ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Овие врнежи поради нивниот локален и краткотраен карактер не се очекува да предизвикаат излевање на поголемите реки низ земјава, иако, како што посочуваат од УХМР, е можно извесно зголемување на нивниот водостој.
– Доколку ваквите краткотрајни интензивни врнежи од дожд на поедини места бидат со висок интензитет можно е да предизвикаат брзо истекување кај малите реки и суводолиците низ земјава. Исто така, доколку процесите бидат поинтензивни проследени со силен ветер и во форма на невреме, можно е во градските урбани средини (вклучително и градот Скопје) поради неможноста за впивање на водата да предизвикаат брзо отекување низ градските улици, посочуваат од УХМР.
Оттаму препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците, како и на сите оние места каде во текот на утрешниот ден се очекуваат интензивни поројни врнежи од дожд.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.