Живот 24. април 2018. / 18:33

Ново истражување: Еве зошто треба да го слушате вашето срце

Ново истражување: Еве зошто треба да го слушате вашето срце

Ако треба да погодите колку пати вашето срце чука во секој момент, можеби ќе се изненадите од одговорот.

Новите докази покажуваат дека во зависност од тоа колку сме добри во слушањето на нашето чукање на срцето, можеме да го обликуваме начинот на кој чувствуваме, дури и да влијаеме на тоа колку брзо може да донесеме одлука, пишува ББС.

Оваа способност “да го слушаме нашето тело” се нарекува интерпоцепција. Преку истражување на оваа способност може да им се помогне на луѓето со аутизам, кои се борат да ги идентификуваат емоциите.

За да се направи тоа, Сара Гарфинкел од Универзитетот во Сасекс, објаснува дека сите ние можеме да научиме да управуваме со тоа колку често нашето срце чука и да бидеме во чекор со нашите емоции.