Живот 25. април 2018. / 10:31

Нова форма на ДНК пронајдена во човечки клетки

Нова форма на ДНК пронајдена во човечки клетки

Научниците идентификуваа нова структура на ДНК во човечките клетки, позната како и-мотив.

Оваа форма наликува на изопачен јазол на ДНК, наместо на добро познатата двојна спирала.

Претходни истражувања сугерираа на постоење на оваа форма на ДНК, но ова е прв пат да се забележи во живите клетки.

Научниците не се сосема сигурни како функционира и-мотивот, но се сомневаат дека е вклучен во процесот на читање на ДНК секвенци и нивно претворање во корисни супстанци.