Сообраќајот на магистралниот пат А-3 од браната Калиманци до селото Истибања попладнево е нормализиран за сите видови на возила, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија.
Посочуваат дека сообраќајот на патиштата се одвива без забрани, по суви коловози.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.