Живот 31. октомври 2018. / 14:58

Ноември ќе биде топол како никогаш до сега

Ноември ќе биде топол како никогаш до сега

Под влијание на силно јужно воздушно струење, во текот на следните денови ќе продолжи транспортот на прашина и песок од Сахара со што и атмосферата ќе биде заматена, прогнозира метерологот Славчо Попоски.

Времето ќе биде умерено, локално и значително облачно а има услови и за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец, минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.