Живот 19. ноември 2018. / 16:56

Невладините ќе ја тужат државата за уништено здравје поради загадувањето на воздухот

Невладините ќе ја тужат државата за уништено здравје поради загадувањето на воздухот

Невладините ќе ја тужат државата за уништено здравје поради аерозагадувањето. Се сомневаат дека борбата со загадениот воздух е приоритет на Владата поради тоа што за нив средствата кои се определени во буџетот не се доволни, јавува телевизија Телма.

Освен тужба, се закануваат и со граѓанска непослушност. Според нив, малата излезност на протестите против аерозагадувањето не е реален показател на јавното мислење.

Најавуваат дека ќе ги мобилизираат родителите да ги оставаат децата дома и да бојкотираат настава се додека не се најде некакво решение за справување со екстремното загадување.