Живот 24. мај 2018. / 19:31

„Несакајќи“ ги допирал жените: Морган Фриман обвинет за сексуално вознемирување

„Несакајќи“ ги допирал жените: Морган Фриман обвинет за сексуално вознемирување

Оскаровецот Морган Фриман, од страна на неколку жени, е обвинет за сексуално возменирување и несоодветно однесување, пренесуваат американските медиуми.

Обвинувањата на жртвите, објавени на Си-ен-ен, биле поддржани од осум сведоци кои тврдат дека легендарниот актер се однесувал несоодветно, а две жени „несакајќи“ ги допирал.

Инцидентите наводно се случиле на снимање, на промоции на филмови и во неговата продукциска компанија „Ревелејшнс ентертејнмент“.

Една жена, асистент на продукција, која рече дека работела со сега 80-годишниот Фриман на филм, рекла дека тој и ја ставал раката на грб, а еден ден се обидел да и ја крене сукњата и ја прашал дали носи долна облека.

Друга жена рекла дека таа и другите жени што работеле со Фриман знаеле „дека не треба да носат блуза што ги покажува градите“ или да носат нешто тесно. Таа додала дека актерот „сексуално ги малтретирал неа и нејзината асистентка во голем број прилики, давајќи коментари за нивните тела“.

Сепак, други луѓе што работеле со оскаровецот рекле за дека „никогаш не биле сведоци на сомнително однесување“ и дека тој бил „врвен професионалец и на снимање и во канцеларија“.