Битолчани во последнити 2 месеца не знаат колкаво е аерозагадувањето во централното градско подрачје, затоа што од 20 септември годинава не работи мерната станица Битола2. На последната седница советниците во општинскиот Совет, ја задолжија градоначалничката да побара од Министерството за животна средина да ја стави во функција оваа мерна станица,а од Општината велат дека постапката е во тек.
–Одржувањето на мерната станица и нејзиното функционирање се во надлежноста на Министерството за животна срдина. Локалната самоуправа издаде барање до инспекторот за животна средина да испрати допис до Министерсвото и да се иницира акцелерирање, односно санирање на мерната станица, рече градоначалничката Наташа Петровска.