Живот 24. јуни 2018. / 12:22

Навистина посебна: Премиерката на Нов Зеланд избра име за својата ќеркичка (ФОТО)

Навистина посебна: Премиерката на Нов Зеланд избра име за својата ќеркичка (ФОТО)

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн избрала необично име за својата ќеркичка.

Почитувајќи го маорското наследство и островските држави во југозападниот Пацифик, пермиерката ја крстила ќерката Неве Те Ароха.

Премиерката и нејзиниот партнер, телевизискиот водител Кларк Гајфорд го избрале ова необично име поради симболиката. Првото име Неве значи снег и светлина, бидејќи девојчето е родено сред зима, а другото име Те Ароха значи љубов.

Инаку 37-годишната пермиерка Ардерн е најмладата претседателка на владата на Нов Зеланд.