Ураганот Флоренс во САД и тајфунот Мангхут на Филипините деновиве однесоа дестици животи, со што се потврдуваат проценките дека поради климатските промени бурите стануваат се помоќни и поразорни и дека се јавуваат и таму каде што дсоега ги немало, наведува „Дојче Веле“.
Научникот на Институтот за истражување на климата од германскиот град Потсдам, Тобијас Гајгер за „Дојче Веле“ вели дека овогодишната сезона на бурите уште сега е поразорна од ланската.
– Активноста на една сезона не се мери само со бројот на невремињата што ќе стигнат до копното, туку и со тоа колкава енергија тропските бури генерираат над океаните. Уште сега во севернета хемисфера е генерирана поголема енергија отколку во цела 2017 година, наведува Гајгер.
Според него, иако ова можеби не претставува тренд, сепак во иднина треба да очекува зголемување на бројот на исклучително моќни тропски бури.
– Тоа се такви бури, кои навистина можат да бидат многу опасни, вели Гајгер, чија специјалност е проучување на влијанието на климатските промени врз екстремните временси услови и земјоделството.