Живот 04. април 2018. / 12:40

Најубавата југословенска актерка во борба за живот – докторите едвај ја спасиле

Најубавата југословенска актерка во борба за живот – докторите едвај ја спасиле

Актерката Сања Вејновиќ пред петнаесет денови се соочи со тешка операција на слепото црево, која можела да биде кобна, бидејќи била на чекор да добие сепса.

Со тешки болки, актерката со Итна помош била пренесена во болница, а за тоа искуство на својот фејсбук профил напиша:

-Од прим на болничарот кој прво ми го стисна местото каде што ме болеше, со реченица дека најверојатно станува збор за слепо црево, процедурата започна. Доаѓа дежурната докторка која, иако налогот укажува на слепо црево, одлучува да ме испрати на низа прегледи, од гинеколошки, уролошки и интернистички за да елиминира нешто друго??! Од тој момент започнува мојот ноќен кошмар, напиша актерката.

Сања Вејновиќ е најпозната по улогата на Анѓа во феноменалниот филм Бановиќ Страхиња, а ја сметаа за една од најубавите жени во СФРЈ.