Живот 11. јули 2018. / 10:38

Најновата анализа покажува: Умерен топлотен бран со екстремно висок УВ индекс

Најновата анализа покажува: Умерен топлотен бран со екстремно висок УВ индекс

Денес (среда) и во следните неколку деново под влијание на умерен топлотен бран од јужните географски широчини, поточно од северна Африка ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност додека температурите на воздухот ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени што не е ништо премногу високо и екстремно, соопшти Метеомакс.

Екстремно висок ќе биде УВ индексот кој повторно ќе достигнува коефициент од 10 до 11.

Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да бидат претпазливи и доколку излегуваат со себе да си понесат заштитна опрема, односно капа и наочари за сонце и да избегнуваат тешка храна и што повеќе да пијат течности и да јадат лесна храна и многу овошје.

Старите и изнемоштени лица да не се изложуваат на директното силно сончево зрачење, посебно во периодот од 10 до 18 часот.

Да напоменеме дека сепак во попладневните часови особено на планинските места но и на оние места кој се во близина на планините има услови за сосема краткотраен и локален дожд проследен со ретки грмежи што значи ништо посебно.