Во овие попладневни часови како што беше и најавено а и како што беше сосема очекувано западните предели посебно оние планински места и населените места кој се наоѓаат во близина на планините се под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која условува пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења а на планините е регистрирана и локална појава на град.
Нестабилност ќе се задржи и понатаму поточно до крајот на денот и исто така ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења а има услови и за локална појава на град.
Иста временска систуација може да очекуваме и во текот на утрешниот петочен ден а тоа значи попладнето на запад и тоа на планините и во населените планински места ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, електрични празнења а има услови и за локална појава на град.
Како што претходно најавивме утре (петок) ќе биде најтопло кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 – 34 степени.