Живот 28. август 2018. / 20:15

На полноќ гром удри во црква во Македонија

На полноќ гром удри во црква во Македонија

Гром ноќеска 15 минути по полноќ ја погоди црквата „Свети Теодор Тирон“ во селото Долно Српци во Општина Могила, Битолско.

Искршени се прозорците, стакло има на сите страни, изгорена е електричната инсталација. Штета има и на околните куќи.

Од црковниот одбор за телевизијата велат дека оштетен е голем дел од внатрешноста на црквата, а искршени се стаклата и оштетен е ѕидот.