Уште од утрешната вечер од север кон нашата држава ќе продира моќен студен фронт кој ќе услови засилен, локално повремено и СИЛЕН ветер од северем правец и истиот ќе услови брз и ГОЛЕМ пад на температурите (за 10тина степени).
Исто така овој студен фронт ќе услови врнежи кој локално ќе бидат и поинтензивни и тоа претежно во западната половина од државава, врнежите ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, меѓутоа поради падот на температурите ноќта кон вторник и во вторник претпладне услови за врнежи од снег ќе има и на пониските места.
Максималните дневни температури утре (понеделник) ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени додека вечерта а особено ноќта кон вторник како и во вторник наутро значително ќе опаднат и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени.
Снежната покривка на планинските и повисоките места ќе се зголеми а услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на пониските места особено на север и на запад.
Токму ова ќе услови маглата низ котлините да се расчисти, исто така северниот ветер кој го очекуваме значително ќе го прочисти загадениот воздух.